Fri04252014

Сподели на Facebook Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Danish English French German Italian Norwegian Serbian Swedish Turkish

Водата во Преспанското Езеро од прва и втора категорија

Водата во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро може да се користи за капење, рекреација и спортови на вода. Извршените испитувања покажуваат дека во Охридското и Преспанското водата е од прва категорија, а во Дојранското Езеро од втора категорија...

Испитувањето на водата на Охридското Езеро е направено во периодот од 13 до 23 јуни годинава. Земени се вкупно 28 мостри од плажите долж брегот на Охридско Езеро, од кои пет од плажата Сараиште, Св.Софија, Канео, Градска плажа и Магнус хотел се втора класа. Земените мостри од реките кои се влеваат во Охридското Езеро, според Уредбата, одговараат на втора и трета класа. Водата од базените што се користат во хотелите Белви, Дрим, Макпетрол и Дионис е од прва категорија.

Од Преспанско Езеро од земените 15 мостри од локалитетот Стење,  туристичките населби Отешево и Претор, плажите Сливница и во Долно Дупени констатирано е дека водата е од прва и втора категорија.
Со испитувањето земени се шест мостри од Дојранското Езеро, односно од Градска плажа, ДТВ Партизан, Стара Мрдаја, Мрдаја, Алекс- Бич и Ачикот, каде водата е од втора категорија.

Мостри се земени и од водите на вештачките езера, кај кои е утврдено дека водата е од прва и втора класа и може да се користи за капење.  
Во Дебарско Езеро земени се мостри од пет мерни места  кај Мелнички мост, Веслачки клуб, Чами таверна, Плажа кај оревот, Плажа кај скалите, а резултатите од микробиолошките испитувања покажаа дека сите се од прва и втора класа, со исклучок на „Плажа кај скалите“ каде водата е од трета класа и таму ќе се забрани капење.

Од Езерото Младост земени се мостри од три мерни места кои покажаа дека водата  е од прва и втора класа.
И земените мостри од три мерни места во Тиквешко Езеро покажуваат дека водата може да се користи за капење и рекреација и бактериолошки одговара на прва и втора класа, а останатите параметри не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Водата во Мавровско Езеро, според Уредбата, спаѓа во втора категорија и земените мостри се од втора класа. Може да се употребува за капење, рекреација и спортови на вода. Извршени се три увиди кај Маврови Анови и селата Леуново и Маврово.

Испитувањето покажа дека водите на реките Вардар и Треска се од четврта и петта класа и се забранети за капење.  Забраната не се однесува за потегот од изворот на Вардар, до излезот од Гостивар, каде што земените мостри се од прва на изворот и втора класа во течението до излез од градот. Исто така и водите од реката Радика спаѓаат во втора класа  и се во согласност со Уредбата.

Забрана за капење и упатствата за истакнување табли со опомена важи и за Езерото Треска, во Скопје. Забрана имаат и градските плажи во Неготино и во Гевгелија, кои се од четврта класа и не можат да се користат за капење, рекреација и наводнување.  Градоначалниците и на овие општини задолжително мора да постават табли со натпис „забрането капење“.

Во соопштението се наведува дека следењето на квалитететот на површинските води се врши на оние места кои се од здравствен интерес, како би се презеле мерки и би се спречиле можни штетни влијанија по здравјето на населението.
Центрите на јавно здравје доставуваат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат резултати од земените примероци на вода, се следи сосотојбата и кога за тоа има потреба, се преземаат соодветни мерки.


Поново од оваа категорија:
Претходно во оваа категорија:

Би можело да Ве интересира:

Prev Next
Prev Next